Народната банка: Финансиската стабилност е задржана

Bez autora
Sep 30 2025

Советот на Народната банка ја одржа својата редовна седница на која го усвои Извештајот за финансиската стабилност за 2024 година.

Во Извештајот се оценува дека во текот на 2024 година финансискиот систем ја одржа стабилноста, добро се справи со предизвиците и е отпорен на шокови.

„Сите сегменти на пазарот – од банкарскиот систем, преку приватните пензиски и инвестициски фондови, осигурителниот сектор, до помалите институции како штедилниците и друштвата за лизинг – ја задржаа својата стабилност, покажувајќи добра отпорност на шокови и способност за приспособување на промените во економското и регулаторното окружување. Финансиските институции работеа во услови на умерено забрзан економски раст и постепено намалување на инфлацијата, додека геополитичкото опкружување остана нестабилно, носејќи со себе неизвесност и зголемени ризици“, соопштија од Народната банка.

Во Извештајот се оценува дека банкарскиот систем ја задржал стабилноста, зголемувајќи ја адекватноста на капиталот до највисокото ниво досега, ликвидносната позиција уште повеќе се подобрил, а се одржал и добриот квалитет на кредитното портфолио. Макропрудентните мерки што ги донела Народната банка помогнале за понатамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор.

„Приватните пензиски фондови го сочинуваат вториот по големина сегмент од финансискиот систем. Нивните остварувања се подобрија во 2024 година, остварувајќи повисоки номинални и реални стапки на принос. Ризиците за финансиската стабилност од приватните пензиски фондови засега се ограничени поради сѐ уште младото членство на фондовите и минималните исплати врз основа на пензии. Ограничени се и ризиците од осигурителниот сектор, кој одржува соодветна солвентност и ликвидност и солидна профитабилност. Останатите сегменти на финансискиот систем се значително помали, а во 2024 година се издвојуваат отворените инвестициски фондови, кои остварија висок раст на средствата од над 60%, кој се должи на привлекувањето нови инвеститори и/или нови средства во отворените инвестициски фондови, но и на управувањето со средствата“, се наведува во соопштението.

Во Извештајот се оценува дека ризиците од нефинансискиот сектор се умерени со оглед на добрата финансиска позиција на домаќинствата и на корпоративниот сектор и ниската стапка на нефункционални кредити во кредитното портфолио на банките. Иако задолженоста на двата нефинансиски сектора расте во 2024 година, и е во рамки на праговите на ранливост и на двата сектора, сепак со долгот треба внимателно да се управува за да се одржи во истите рамки и во следниот период, се вели во соопштението.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik